Елена Трајковска

Дипломиран професор по англиски и руски јазик од 1989 год. Магистрира 2001 година. Има 30 годишно работно искуство во сферата на Високо и дополнително образование во Македонија и во странство. Постојан судски преведувач во Основниот суд во Куманово од 2010 година.

Николина Трајковска

Дипломиран професор по руски јазик од 2016 година на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје со работно искуство во сферата на дополнително образование 5 години. Моментално работи на катедра за Славистика на УКИМ како млад научен соработник. Постојан судски преведувач во Основниот суд во Скопје 1,2 од 2017 година.

Горан Трајковски

Дипломиран Економист - менаџер со 18 годишно работно искуство во сферата на дополнително образование.

Магдалена Богатиновска

Дипломиран професор по германски јазик од 2012 година на УКИМ. со 6 години работно искуство во сферата на дополнително образование. Богата преведувачка дејност.

Сузана Стојановска

Дипломиран професор по германски јазик со долгогодишно искуство во сферата на средно и дополнително образование.

Мишела Здравковска

Дипломиран професор по италијански јазик од 2012 година. Шест годишно работно искуство во сферата на дополнително образование. Богата преведувачка дејност.

Вера Митковска

Дипломиран професор по руски јазик со долгогодишно работно искуство во сферата на основно, средно и дополнително образование. Добитник на многубројни олимпијади по руски јазик во Македонија и во странство.

Катерина Арсовска

Дипломиран професор по англиски јазик од 2007 година. Поседува богато работно искуство(повеќе од 10 години) во сферата на средно и дополнително образование.

Ивана Војевска

Дипломиран професор и преведувач од албански јазик на македонски и обратно. Поседува 10 годишно работно искуство во сферата на дополнително образование.

Емилија Трајковска

Дипломиран професор по шпански јазик од 2016 година. Има работено како асистент-демонстратор на Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје. Богата преведувачка дејност.

Сања Илиевска

Апсолвент, англиски и француски јазик превод и толкување.